ФОТО: Полицијата направи чистка на скопски Бит Пазар

Надлежните служби со асистенција на полицијата од изутрината ги отстрануваат импровизираните тезги на дивите препродавачи на тротоарите на булеварот „Крсте Петков Мисирков" кај скопски Бит Пазар.

Отстранети се сите нелегално поставените тезги долж булеварот „Крсте Петков Мисирков" од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев" до тезгите на кои се продаваат цвеќиња.

Во текот на денов се очекува да бидат тргнати и тезгите со цвеќиња на тротоарот пред пазарчето.

11.09.2014 - 11:29
Фото: 
Република
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега