Град Скопје ќе се бори против досадните комарци

На подрачјето на Скопје до 17 септември ќе се изврши прскање против комарци. Ова ќе биде петта дезинсекција против комарци, а истата ќе стартува од утре од 5;30 до 08:00 часот, соопштија од Градот Скопје 

Aеросолната дезинсекција (терестрична) на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 13 до 17 септември (од сабота до среда), во период од 23 до 04  часот.

- Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, се вели во соопштението од Градот Скопје.

Оттаму ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. 

11.09.2014 - 10:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега