Леден предизвик уби германски фудбалер
48- годишниот Стефан Клем, поранешен германски фудбалер, се поли со четири канти ледена вода со цел заради зголемување на свесноста за болеста АЛС, во популарниот Леден предизвик.
Наместо помош, на која привидно се алудира со овој предизвик кој го покрена светот во повеќе забавна отколку корисна насока, исходот испадна смртоносен. Почина од мозочен удар кој е предизвикан од полевање со студена вода.
Клем во младоста играл фудбал во германските регионални лиги, а на предизвикот се одзва кон крајот на август на фудбалскиот терен. После тоа со денови се жалел дека не му е добро и дека го боли вратот и грбот.
Никој не бил загрижен, затоа што многу време поминувал седејќи зад комјутерот.
Неговата невенчана сопруга го пронашла мртов во канцеларијата, а обдукцијата дополнително потврди дека починал од мозочен удар предизвикан од полевање со ледена вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа