Комарците прават рани- има ли ГМО комарци во Македонија?

 

Изминативе неколку месеци граѓаните сѐ повеќе се жалат на убоди од комарци. Раните по нивното тело воопшто не наликуваат на убод од комарец иако е тоа.

Вработените во аптеките велат дека сѐ повеќе граѓани бараат средства против алергии од убоди од комарци.

 

Растворот со кој се прска против комарци треба да се менува на секои три-четири години, предупредуваат експертите, оти, како што велат, по некое време комарците стануваат отпорни на растворот и тој нема никакво влијание врз нив.

Според експертите, средствата за прскање може да се причината поради која, и покрај честото прскање, не се уништуваат.

Прстот го посочуваат во британска компанија за која откриле дека ги создава овие генетски модифицирани комарци. Наводно овие комарци не се за лошо туку за добро – не шират болести како обичните, а ја вршат неопходната улога во природниот ланец. Еве за што станува збор.

Врнежливо време и температура од над 20 Целзиусови степени се најпогодни за размножување и за преживување на комарците.

 

Ваквите инсекти треба да ги заменат природните, со надеж дека ќе бидат избришани сите болести кои што ги пренесуваат истите. Ова би претставувало застрашувачко, доколку се земе во предвид дека илјадници други животни во иднина би можеле исто така да бидат генетски изменети.

11.09.2014 - 09:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега