САД: Руското повлекување од Украина би претставувало „добар почетен чекор“

 

Доколку се потврди делумното повлекување на руските војници од територијата на Украина тоа би претставувало „добар почетен чекор“, соопшти синоќа Стејт департментот. 

Реакцијата се однесува на вчерашната изјава на украинскиот претседател Петро Порошенко дека околу 70 отсто од руската војска во Украина ја напуштила земјата пет дена по стапувањето во сила на договорениот прекин на огнот, кој има за цел да се стави крај на конфликтот во источниот дел на Украина. 

Портпаролката на Стејт департментот, Мари Харф изјави дека САД не можат да потврдат колку е тоа вистина, но истакна дека целосно во Украина постои напредок кон деескалирање на тензиите.

11.09.2014 - 09:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега