Франција ќе учествува во Ирак во воздушните напади врз исламистите
Франција ќе земе учество во Ирак во воздушните напади врз исламистите од Исламска држава, но во Сирија ќе дејствуваат на поинаков начин.
– Во Ирак ќе учествуваме во воени дејствија од воздух, ако е неопходно. Но, во Сирија ситуацијата е поинаква, изјави францускиот министер за надворешни работио Лоран Фабиус во говор пред студенти на Академијата за политички науки во Париз.
– Дел од медиумите велат дека Франција е подготвена да дејствува во Ирак, но не и во Сирија. Не! Ние треба да дејствуваме и во двата случаја, но не на истиот начин, изјави министерсот.
Фабиус додаде дека сирискиот лидер Башар Асад не може да биде партнер во борбата против Исламска држава во Сирија бидејќи тој е соучесник со џихадистите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа