13 години од нападот на Светскиот трговски центар во САД
САД денеска ја одбележуваат 13-та годишнина од нападите од 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, во кои загинаа речиси 3.000 лица, јави ДПА.
Комеморативни церемонии ќе бидат одржани во Њујорк и Вашингтон, каде пред 13 години авиони управувани од терористи, удрија во кулите-близначки на Светскиот трговски центар и во зградата на Пентагон.
Меморијалниот плоштад 9/11, за првпат годинава ќе биде отворен за јавноста во периодот од 18 до 22 часот по локално време. Претходно, тој беше достапен само за семејствата на жртвите во нападите.
Цената на билетите во Музејот за нападите од 11 септември изнесува 24 долари, а посетителите ќе може да купат и чадори, капи, чанти и приврзоци на кои е испишано 9/11.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа