Земјотрес ја погоди Романија
Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран синоќа во 22:45 часот по локално време (21:45 часот по средноевропско време) во сеизмичката зона Вранча во југозападниот романски округ Бузу, соопшти романскиот Национален институт за геофизика.
Потресот се случил на длабочина од 107 километри под површината на земјата.
Најсилниот земјотрес во Вранча оваа година се случи на 29 март и беше со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала.
11.09.2014 - 09:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа