Каде е најризично да се паркирате во Скопје

50 блокатори дневно се поставуваат на зонските паркиралишта во Скопје. Паркинзите кај Беко, спроти Собранието и во Дебар маало се црвените зони каде се регистрирани најмногу вакви случаи. Популарните “лисици” неретко се слика на овие паркиралишта токму поради големата фрекфенција но и големиот број на неправилно паркирани возила. Во мај годинава службите во Јавното претпријатие Градски Паркинг поставиле 1200 блокатори, број кој држи линија на континуитет преку целата година.

И покрај доволниот број на паркинг места за сите учесници во сообраќајот, сепак тешко се искоренуваат старите навики на возачите во Скопје, кои наместо да платат 30 денари за паркинг, своите возила и понатаму ги оставаат на тротоарите.

Од јавното претпријатие велат дека одреден процент од граѓаните ги крадат блокаторите откако ќе им бидат поставени на возилата. Статистиката на Градски паркинг покажува дека од 2010-та кога е воведена оваа санкција се украдени повеќе од 120 блокатори.

10.09.2014 - 23:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега