Два нови члена ќе влезат во бизнис семејството на Илинден

 

Турскиот  „Атајмач“ и германскиот „Г.Р.А.Д Екологија“ се новите инвеститори на преостанатото слободно земјиште наменето за стопански развој во општина Илинден.

На денешното јавното наддавање, сопственик на една од парцелите наменета за изградба на откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи стана турскиот инвеститор „Атајмач“.

Ниските цени на градежното земјиште и малите давачки за инвеститорите, како и континуираните вложувања во квалитетна патна и комунална инфраструктура, придонесуваат бизнис семеството во Илинден секојдневно да се зголемува, соопшти општината.

најчитано сега