Нема веќе евтини стари возила - колку ќе чинат автомобилите по забраната за увоз на еуро2?

Според одлуката на Владата, увозот на возила со мотор со стандардите еуро 2 ќе заврши до крајот на годинава, по што ќе следува шестмесечен преоден период во кој ќе биде дозволен увоз на автомобили со нормите еуро 3, потоа во Македонија ќе можат да се увезуваат само автомобили што ги исполнуваат стандардите еуро 4 за издувни гасови.
Во изминатиот период од март 2010 година, кога со измените во правилниците и законската регулатива се дозволи увоз прво на еуро 1, а потоа и на возила еуро 2, во Македонија влегоа повеќе од 160 илјади стари патнички возила, што е речиси две третини од поранешниот вкупен возен парк, чија просечна старост се проценуваше на 14-15 години. За жал, и огромен број од тие возила беа толку стари (нормите еуро 1 во Европа стапија во сила во 1993, а еуро 2 во 1997 година). Тоа значеше дека освен драстичното зголемувањето на бројот на возила во сообраќајот и делумната замена на прастарите автомобили од социјалистичко време со малку понови, не се постигна многу за подобрување на сликата на нашите патишта. Напротив, поголемиот број, сега посилни возила што се возат повеќе од старите, доведе до поголем број сообраќајни несреќи и зголемување на загадувањето.

Оваа состојба ниту сега нема многу да се промени - за тоа ќе треба доста време. Но, добро е што првиот чекор е повлечен, а тоа е спуштањето на рампата за отпадот од Европа, бидејќи со новите прописи од идниот јули практично ќе можат да се увезуваат возила не постари од десетина години, бидејќи нормите еуро 4 стапија во сила во јануари 2005 година за новопретставените и една година подоцна за сите возила. Од 1 септември годинава во ЕУ е дозволена продажба само на возила со нормите еуро 6, кои се значително построги за автомобилите со дизел-мотори, а поблаги всушност многу блиски до еуро 4 за бензинските возила.

Целата анализа прочитајте ја во Нова Македонија

10.09.2014 - 20:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа