Западот со кризата во Украина сака да го "оживее" НАТО

 

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини западните земји дека ја користат украинската криза за „оживување“ на НАТО.

- Кризата во Украина, која во основа ја предизвикаа и ја создадоа некои наши западни партнери, сега се користи за оживување на воениот блок, изјави Путин, мислејќи на НАТО.

Лидерите на НАТО минатата недела на самитот одлучија да создадат нова врвна подготвена единица од повеќе илјади војници на истокот на Европа, со цел брзо да се осуети можната „руска закана“ и силите да се упатат, доколку има потреба, и во борба со исламските терорист надвор од Европа.

- Ние веќе кажавме дека ќе бидеме принудени да преземеме соодветни мерки заради нашата безбедност, рече Путин на состанокот на претставници на воената индустрија и членови на Генералштабот на руската војска.

Два дена во пресрет на самитот на НАТО, руските власти најавија прилагодување на воената доктрина на јакнењето на НАТО на своите граници.

ЕУ воведе нови санкции кон Русија, но ја одложи нивната примена поради стравување од реакции на официјална Москва. Сепак, германската канцеларка Ангела Меркел побара моментална примена на договорените санкции.

10.09.2014 - 16:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега