Полициска акција на тромеѓето Франција-Швајцарија-Германија против албанската мафија

Против албанската мафија, во регионот околу Мулуз беа вклучени повеќе од 200 полицајци, а притоа беа уапсени 40 лица на Мулуз и тројца на германската територија за кои се сомничи дека шверцувале дрога. 

Според Реми Кутан обвинителот од специјализираната меѓурегионална правосудна јурсидкција, во акцијата биле запленети и околу 50 килограми на средства за пресекување (мешање) на дрогата.

Оваа албанска мафија претходно се развиваше на територијата на Швајцарија, пред да се разграни и одомаќини во Франција.

- Сите уапсени лица за кои се сомнева дека се вмешани во шверц со дрога се ставени во притвор во регионот на Мулуз и тие ќе треба да се појават пред обвинителот до крајот на неделата. Минатата есен беше спроведена една слична ваква акција на француската полиција во која беа уапсени околу триесетина лица.