Во Велес нема заболени од жолтица
Во Велес моментно нема заболени од жолтица, а од почетокот на годинава се регистрирани четири случаи.
Според податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес, во текот на септември во Велес и велешко не е регистриран ниту еден заболен од жолтица.
Како што информира епидемиологот д-р Билјана Трајкова во август имало само едно девојче заболено од жолтица, а од јануари до јуни биле заболени тројца или вкупно годинава во Велес и велешко ималочетворица заболени од жолтица.
Но, д-р Трајкова сепак апелира до граѓаните од сите возрасти посебно до децата, да внимаваат на хигената и миењето на раце бидејќи болеста е лесно пренослива, а се во интерес на зачувување на сопственото здравје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа