Се зголемува бројката на заболени и угинати овци од „син јазик“ во источниот регион
Сточарите од источниот регион денеска предупредија дека болеста „син јазик“ веќе ескалира и оти се зафатени сите предели во овој крај. Секојдневно, како што посочуваат, угинуваат од пет до 20 овци.
Тие заедно со претставници на Федерацијата на фармери и на ветринарните служби се обидоа да најдат решение за да се сопре ширењето на болеста.
Првичните заклучоци од состанокот се да се најде начин да не се шири болеста и да се побара обештетување.
- Имам 300 овци, а 20 веќе се заболени, изјави Стефчо Јованов од кочанското село Теранци.
Потпретседателот на Федерација на фармери, Љупчо Станковски посочи дека сточарите не смеат и да ги молзат овците, ниту пак да произведуваат сирење.
Според него, треба да се настапи поенергично и да се реши проблемот без оглед на финансиските средства.
Директорот на Ветеринарна станица од Штип, Крсте Митев истакна дека болеста се шири и оти нема стадо кое што не е зафатено.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа