Русија ќе помогне да се воспостави мир во Украина

 

Русија се надева дека нестабилното примирје во источна Украина ќе се одржи и ќе направи се за да помогне во воспоставување мир во таа соседна држава, соопшти денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.

 – Потребен ни е мир во Украина...Тоа е најбитната работа и ќе направиме се што можеме за да ја оствариме, изјави Медведев додавајќи дека конфликтот во Украина „не е наш“.

 Рускиот премиер нагласи дека Киев треба да ги анализира сите причини и аргументи и не треба да се откажува за воспоставување контакти со југоисток во државата.

 – Тоа е украински конфликт и не смее да се прошири вон украинските граници, нагласува Медведев.

10.09.2014 - 15:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега