Во воздушен напад во источен Авганистан загинаа 11 цивили
Во американски воздушен напад во источен Авганистан загинаа 11 цивили, соопштија денеска локалните власти во провинцијата Кунар.
– Врз основа на информациите од Канцеларијата на гувернерот на Кунар, објавуваме дека во американски воздушен напад загинаа 11 цивили меѓу кои две деца и две жени, а 12 луѓе се ранети, се вели во соопштение од Кабинетот на претседтаелот на Авганистан.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи често ги критикува постапките на НАТО во својата држава.
10.09.2014 - 14:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа