Портокалов метеоаларм за Хрватска и БиХ

 

Метеоролошките служби на Хрватска и Босна и Херцеговина прогласија портокалово предупредување бидејќи се приближува бура во овие две земји, проследена со грмотевици и поројни дождови. 

Во Хрватска предупредувањето е издадено денеска за речиси целата територија на земјата, а најпоројни дождови се очекуваат во северниот дел на Јадранот и на повисоките места. 

Метеоаларм поради поројните дождови објави портокалово предупредување за Истра и Ријека, бидејќи експертите сметаат дека временските прилики ќе бидат опасни. Жолто предупредување, кое значи дека времето е потенцијално опасно, Метеоаларм објави за сите останати подрачја на Хрватска, освен за средна и јужна Далмација. 

И во БиХ утре и задутре се очекуваат обилни врнежи поради што Федералниот хидрометеоролошки завод издаде исто така портокалово предупредување за јужниот, југозападниот, северозападниот дел и делови од централна Босна.

10.09.2014 - 14:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега