Што ќе се случи ако Русија го затвори својот воздушен простор за западни авиокомпании?

 

Откако новите санкции на Европската Унија се надвиснаа над Русија, таа објави дека размислува да ги блокира меѓународните прелети над својот воздушен простор. Рускиот премиер Дмитриј Медведев го најави за сите западни авиокомпании, но реално одделни ограничувања ќе ги засегнат пред се европските авиокомпании кои вршат летови кон Азија.

Неопходноста да се „заобиколи нашиот воздушен простор може да доведе до големи штети за многу компании кои и без тоа балансираат на границата на економско заздравување“, изјави Медведев за рускиот бизнис весник Ведомости.

Но веројатно ли е тоа да се случи ако се земе предвид она што го знаеме за значењето на рускиот воздушен простор?

Забраната за прелети на западни авиокомпании може навистина да биде сериозен проблем за нив, со оглед на фактот дека Русија е најголемата по површина земја во светот, и се наоѓа меѓу Источна Азија и Европа. Одделни санкции може да имаат одраз и врз самата Русија. Еве три важни аспекти кои треба да ги имаме предвид:

Руското воздушен простор често се користи од европски авиокомпании

Медведев не појасни дали под „западни авиокомпании“ се и оние на сојузниците на Западот, како што е Јужна Кореја. Ако претпоставиме дека потенцијалните санкции се доста ограничени и ги засегаат само европските авиокомпании, можеме да претпоставиме кои прелети ќе бидат погодени. Анализата на сите прелети над европскиот и конкретно над рускиот воздушен простор, спореден со сите авиони на 60-те најголеми европски авиокомпании во текот на два часа во еден ден, покажува дека бројот на авиони изгледа лесно контролиран, барем на прв поглед.

Податоците обезбедни од веб страната Флајтрадар24 за Ворлдвјуз за 1 септември, всушност покажуваат дека европските и американските авиокомпании се повеќе оператори на странски прелети над Русија. Авиокомпаниите кои најверојатно би биле засегнати од санкции се Луфтханза, Кеј-Ел-Ем, Ер Франс, Бритиш ервејз, Финер, Јунајтед ерлајнс, чешките авикомпании, Делта ерлајнс, Скандинавските авиолинии (САС), Изиџет и Визер. Така можеме сосема да бидеме сигурни дека европските и американските авиокомпании навистина ќе бидат погодени – но до кој степен?

Европјаните имаат алтернативи

Да се вратиме на изјавата на Медведев, кој предвидува банкрот на некои западни авиокомпании ако Русија им забрани да го користат нејзиниот воздушен простор. Најважните авиокомпании кои се на врвот на списокот се првенствено големи компании, со операции по целиот свет, кои во моментов изгледаат стабилни.

Покрај ова, ова не е прв случај во кој Русија им се заканува на некои од тие авиокомпании да им го откаже правото да летаат над нејзината територија. Во 2007 година им забрани на товарните авиони на Луфтханза да прелетуваат над нејзиниот воздушен простор, очигледно во обид да ја принуди компанијата да го премести својот регионален воздушен центар во Сибир. Наместо тоа, Луфтханза ги усмери летовите кон Казахстан, но на крај се окажа и го премести својот регионален транзитен центар во Сибир.

- Насочувањето на летовите над северниот пол или кон јужните алтернативи е нешто за кое размислуваат европјаните. Не многу одавна, Русија ги принуди сите авиони кои летаат над земјата да транзитираат преку Москва. Многу странски авиокомпании реагираа избирајќи 20 проценти подолги маршрути кон север или кон југ, со што го избегнуваа рускоит воздушен простор“, објаснува Хансочен Ехмер, професор по менаџмент во авијацијата и специјалист по конкуренцијата меѓу меѓународните авиокомпании.

Русија самата ќе си наштети

Ако Русија ги забрани прелетите на западните авиокомпании, таа себеси ќе си создаде економси последици. Во моментов, Русија собира такси и даноци кои им се наметнати на странски авиокомпании кои сакаат да летаат во воздушниот простор над земјата. Иако тие средства се значајни за авиокмпаниите, нив им е сепак поефтиино да ги плаќаат откоку да ги преусмерат летовите така што ќе го заобиколат рускиот воздушен простор. Дури и ако европоските авиокомпании бидат принудени да ги променат маршрутите, Русија ќе ги загуби тие приходи. Со други зборови, ако Русија им наложи санкции на западните авиокомпании, таа всушност значи и дека самата на себе ќе си воведе санкции. 

10.09.2014 - 11:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега