Нека гори во пеколот тој ми ја уби малолетната ќерка- приказна која го потресе светот

 

Џејден Паркинсон (17) беше убиена од нејзиното 22-годишно момче Бен Блејкли.

 

Нејзината мајка, Саманта Шрусбери, низ солзи и голема болка раскажуваше  за ќерка си во емисијата „This Morning”. Таа се обидувала да ја извлече својата ќерка од таа врска, а сега основа добротворна организација „Jayden’s Gift” во име на својата ќерка.

Саманта раскажуваше како цело време се обидувала да ја заштити Џејден од насилното момче кое ја уби во декември минатата година. Бен Блејкли ја изолирал Џејден од нејзиното семејство.

- „Ја одвои од целото семејство. Ја исече нејзината картичка за телефон и и` го искрши телефонот. Беше физички насилен од првиот ден. А кога почна да живее со него и неговите роднини во стан, исчезнуваше по неколку дена и беше кај други девојки, а потоа се враќаше и се` и` раскажуваше. Еднаш, не можеше да јаде четири дена. Го повика „Childline” сервисот за помош на млади, а тие ја повикаа полицијата, која ја повика социјалната служба да ја извлече оттаму, бидејќи гладувала четири дена“, раскажува потресената мајка.

Саманта се обидува да најде било какво оправдување за својата ќерка велејќи дека таа била малолетна.

-„Имаше само 17 години и го сакаше. Сигурно мислела дека може да го промени. Мислам дека остана со него, дел и поради неговите закани упатени кон нас, нејзиното семејство. Сигурно мислеше дека ние ќе бидеме сигурни ако остане со него“, раскажува Саманта.

Таа упорно се обидувала да ја наведе Џејден да излезе од насилната врска, па еднаш дури ја заклучила дома, но таа побегнала низ прозор. Дури се обидувала и да ја уцени, да бира измеѓу неа и него, но Џејден одбивала да одбере.

Уште на самиот почеток Саманта била уверена дека таа врска нема да успее, но кога Џејден наполнила 16 години, работите напреднале. Во ноември Џејден конечно собрала храброст да ја прекине врската, но Бен и` се заканувал дека ќе ги постави нејзините разголени фотографии на интернет за да ја понижи. Недолго после тоа, дознала дека е бремена. Само неколку дека откако му го кажала тоа на поранешното момче, е убиена на 3-ти декември. Нејзиното тело е најдено дури на 18-ти декември, закопано во гробот на вујкото од Бен.
Неколку дена пред убиството, Џејден била смртно преплашена, бидејќи дознала дека е бремена. „Плачеше преку телефон и не знаев што да правам. Во вторник, на денот кога беше убиена, се сретнав со неа за да зборуваме за тоа што може да направиме. И` понудив три опции – да го даде детето на посвојување, да абортира или да го задржи. Но, цело време ја наведував да го задржи бебето. Се разделивме со договор да се најдеме во петок за да купиме некоја облека за трудници. Тогаш ја видов за последен пат“, раскажа Саманта низ солзи.

Во јуни оваа година Бен беше осуден на доживотна казна, со минимален услов од 20 години, а Саманта редовно одела на судењето и сведочела.

-„Го направив тоа заради мојата ќерка. Сакав да добие 30 години, но тој доби 15 и уште 8 поради спречување на спроведување на правдата. Потоа му скратија три години затоа што бил „фин“. Но, тој е се` уште жив и секој ден има три оброци. Јас ја изгубив мојата ќерка, моето внуче и голем дел од мојата иднина и иднината на моето семејство. Бесна сум кога ќе помислам дека на 42 години ќе биде слободен. Иако не мора да значи дека ќе го ослободат кога ќе го побара тоа. Јас ќе се борам да не го ослободат“, вели потиштената мајка.

10.09.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега