Ѓорче Петров Карпош и Центар утре без електрична енергија

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од  ЕВН Македонија, ги известува граѓаните дека неколку скопски населби ќе бидат без струја.

Во време од 16:00 до 18:00 часот корисниците на дел од ул. Јуриј Гагарин кај ОУ Владо Тасевски во Карпош ќе останат без електрична енергија , а во период од 12:00 до 15:30 часот корисниците од ул. Црногорска во Ѓорче Петров.

 

Во време од 09:10 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов и дел од ул. Козле во Карпош и во време од 09:00 до 12:00 часот корисниците од ул. Ѓорче Петров бр. 64. во општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија.

 

Во период од 09:00 до 15:30 часот корисниците од дел од улицата Теодосиј Синаитски, а во време од 09:00 до 13:00 часот корисниците од дел од ул. Караорман и и дел од корисниците од Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во Центар ќе останат беа електрична енергија.

ФОТО: Дневник 

најчитано сега