ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката да запре изградбата на училиштето во Капиштец ќе нанесе само штета на граѓаните

Градоначалникот на Општина Центар и владеачкото мнозинство на СДСМ во советот на Општината предлагаат точки на дневен ред кои се на директна штета на граѓаните на Центар.

          Андреј Жерновски иако вети изградба на нова градника и училиште пред граѓаните на населбата Капиштец, сега предлага стопирање на нивната изградба. Жерновски вети градинка и училиште и грубо излажа.

          Уште поскандалозно е што средства за нивна изградба веќе постојат и тие се предвидени согласно буџетот. Но, за Жерновски квалитетниот образовен процес за дечињата од Центар не е приоритет. Тој предлага одземање на средствата наменети за изградба на училиште и градинка и тоа во висина од 42 милиони денари и нивна пренеамена. За ваквиот чекор не постои никакво оправдување.

          Изговорот на Жерновски е дека касата на општината е празна и дека тие пари се потребни за други цели и намени. Ова не е точно.

          Во исто време кога Жерновски крати за изградба на училиште и градинка, тој скоро за дупло ја зголемува сумата на средства за привремени работувања. И така од планираните 7. 250. 000 денари ја зголемува на неверојатни 13. 250. 000 денари и истовремено предвидува драстично поголема сума за изградба и реконструкција на фасади во општина Центар.

          Прво секому е јасно дека овие привремени вработувања се нови партиски војници ангажирани за потребите на Жерновски и неговиот коалициски партнер СДСМ и сето тоа оди на товар на грбот на граѓаните на Општина Центар,

          Второ, истиот Жерновски кој жестоко го напаѓаше проектот Скопје 2014 сега во услови кога дечињата и родителите ги остава без училиште и градинка ќе гради фасади за што предлага зголемување на сумата за околу 21 милиони денари.

          За Жерновски позначајно е задолжувањето на за електирчни светилки и тоа во однапред познати банки, од школото и градинката кои им се ветени на граѓаните на Капиштец.

  Почитувани,

          Ги повикуваме советниците од СДСМ и останатите партии во советот на општината да не ја поддржат одлуката на Жерновски за прекин на изградба на новото училиште и градинка во Капиштец. Тоа е одлука која е на директна штета на граѓаните на Центар.

          Жерновски не треба да ги казнува граѓаните на Општината за сметка на вдомувањето на неколку десетици партиски војници.

          Жерновски не треба да им го ускратува правото на дечињата на Општина Центар на квалитетно образование за сметка на неколку бизнис зделки.

 

          Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира на совесно однесување на градоначалникот Жерновски.

Интегрален текст од изјава на ВМРО-ДПМНЕ.

ФОТО: Економски 

најчитано сега