Штип: Почна изградбата на патот кон езерото Мантово
- Еден од најзначајните локални патишта, што ќе поврзува две општини, тоа е патот од 20-ти километар, до браната Мантово. Понатаму си го презема Општина Конче, со што Конче и Штип ќе бидат поврзани со убав пат. Штипјани од 1 јуни ќе можат често да патуваат до акумулацијата Мантово, едно од најубавите вештачки езера, кое дел се наоѓа и на штипска територија, а за до таму ќе имаат асфалтен пат, вели Захариев.
Изградбата на патот од 20-тиот километар до езерото Мантово чини околу 500.000 евра и се реализира преку Агенцијата за патишта, а е финансиски поддржан преку Европската банка за обнова и развој.
Штипскиот градоначалник Захариев истакна дека општината мора да најде начин и за изградба на локални патишта кон селата Горачино, Пухче и Калапетровци.
ФОТО: Кајгана