Грчки медиуми: НАТО ја признава Македонија – Грција спие

 

Нато на официјална церемонија ја призна македонија додека Венизелос спие- со ваков наслов дел од грчкитемедиуми реагираат на серијата средби на НАТО Генерали со офицери на амекдонската Армија на чии борбени униформи јаснос е гледаат натписите Македонија.

Дел од медиумите сметаат дека е скандалозно што ниту НАТО ниту грчката влада не реагирале на како што пишуваат подметнувањето од макеоднска страна.

Како илустрација објавуваат неколку фотографии- една на која НАТО командант одликува макеоднски офицери на Церемноија спроведена од американски и турски генерали штос е смета за допполнителна провокација.

На друга фотографија пак е илустрирана средбата на командант на нАТО со полковник на македонската армија во кампот во Сараевво.

За медиумите ова е доказ дека грчката дипломатија предводена од Венизелос спие додека македонската страна наоѓа начини да ја протне својата државна стратегија.

Иако Македонија во нато се води под времената референца поранешна југословенска република Макеоднија, сепак макеоднските војници во НАТО мисиите на своите борбени униформи го имаат одбележано уставното име. Натписот на левата страна може да се симне само кога е тоа во инетрес на безбедноста на војниците како што неодамна беше случај со анти терористичките акции во ирак.

Грчките војници во базата во Авганистан повеќе пати реагирале на одбележувањето на борбените униформи на макеоднските војници а во една прилика на одликување во Фрнација било побарано и да се појават во цивилка, инцидент кој бил пријавен во макеоднската армија.

За разлика од своите грчки колеги, макеоднските војници ниту еднаш не испровоцирале инциодент на национална основа. Неодамна во јавноста с епојави видео снимка на која грчките војници скандираат навредливи поракиз а макеоднија.  И покрај официјалната реакција од макеоднските власти, Атина не презема меркиз а санкционирање на официјалните претставници на грчката армија.

09.09.2014 - 22:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега