Србија: Платите и пензиите ќе се кратат за 8%?
Вработените во јавната администрација и пензионерите во Србија вчера не ја добија ветената информација од Владата за колку ќе им се скратат платите и пензиите, но од други извори дознаа дека кастрењето ќе биде под 10 проценти. Српскиот премиер Александар Вучиќ соопштувањето на оваа вест го одложи за наредната недела, кога ќе се врати од Кина, но од претседателот на Унијата на работодавци вчера дојде информација дека пензиите и платите ќе се намалат за осум проценти.
- Се разгледуваат неколку верзии на планот, но скоо е сигурно дека платите и пензиите нема да с енамалат за 10, а уште помалку за 15 отсто, колку што некои бараа. Падот на примањата ќе биде максимум осум отсто, Најниските плати и пензии сигурно нема да се пипаат, а во моментов се водат разговори за тоа како ќе се спроведе намалувањето во другите случаи, однсоно дали редукцијата на платите и на пензиите ќе биде направена линеарно. или прогресивно и со каква прогресија, вели за Данас Небојша Атанацковиќ, претседател на Унијата.
Економските стручњаци сметаат дека кастрењето на платите и на пензиите до осум проценти не е доволно за стабилизирање на буџетот. Според сознанијата на весникот "Политика", еден од предлозите е личните примања да не бидат намалени за двоцифрена сума. Исто така, познато е и дека граѓаните со најниски примања нема да ја платат цената на стабилизацијата на финансиите. Претставниците на ММФ кои вчера го почнаа состанокот со Владата сметаат дека сето тоа не е доволно. Нив најмногу ги интересира вкупната сума што ќе ја заштедим Владата Ако намалувањето на примањата не ги даде потребните резултати отворена е можноста за зголемување на ДДВ од наредната година. По совет на ММФ, ДДВ во Србија треба да се изедначи со данокот во земјите во опкружувањето како Хрватска и Унгарија, што значи да се зголеми на 25 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа