Сарачини: Новиот Закон за енергетска ефикасност отвара нови работни места
Развој на гасификацијата, подигнување на стандардите за енергетска ефикасност и отворање нови работни места, се дел од придобивките што треба да ги донесат новите измени на Законот за енергетика кои се веќе во сила, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини.
- Новиот закон ги поставува најзначајните предуслови за почнување на процесот на гасификација на едно пошироко ниво и нуди системски пристап на овој процес. Ви опфаќа сите технички услови и е целосно хармонизиран со европските стандарди, рече Сарачини додавајќи дека со предвидените стандарди за користење полиетиленски цевки значително ќе се намалат трошоците и ќе се зголеми квалитетот, а преку предвидената едукација и обука на кадри, кои во индина ќе оперираат со гасоводните системи, гасификациската мрежа ќе се шири на стручен и безбеден начин.
Во делот на енергетската ефикасност, како што појасни министерот, предвидено е да се дифинираат условите и стандардите за енергетска ефикасност на зградите и јавните објекти. Зградите зависно од исполнување на енергетската ефикасност ќе бидат класифицирани. Контролата ќе ја вршат лиценцирани енергетски контролори.
Според Сарачини токму ова ќе придонесе за отварање нови работни места.
- Ќе биде објавен оглас во Министерството за економија, на кој ќе се пријават сите заинтерсирани лица кои во иднина сакаат да бидат лиценцирани контроли. Ќе го поминат процесот, ќе се стекнат со лиценца, ќе се вработат во компанија која ќе го почне процесот на енергетски контроли, појасни министерот. Во првата фаза енергетските конторли ќе направат контрола во зградите на државната управа, единиците на локална самоуправа и сите други јавни згради.
ФОТО: Дневник