Антикорупциското обвинителство на Романија истражува над 4.500 случаи

 

Романската Национална дирекција за борба против корупцијата во моментот истражува над 4.500 случаи на корупција во високите и средни слоеви на власта, изјави денеска главниот обвинител на дирекцијата Лаура Кодруца Ковеши, на конференција организирана од Институтот Аспен Романија.

- Само во минатата година по истрагите на НДБК конечни пресуди добија над 1.000 лица, а обвинителите наложија замрзнување на имот во износ од 350 милиони евра, изјави Ковеши.

Ковеши рече дека во последните години антикорупциското обвинителство се занимавало најмногу со корупцијата на високо ниво.

- НДБК е институција во судскиот систем која има најголема доверба кај Романците, и пример за добри практики, посочени во извештајот против корупцијата на ЕУ, рече Ковеши. 

09.09.2014 - 16:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега