Соучесничките на убиецот на Лука ќе добијат домашен притвор?
Третото основно обвинителство во Белград им понудил домашен притвор на сооучесничките во убиството на Лука Јовановиќ, доколку ја признаат вината.
Договор на денешното сослушување им бил понуден на сите шестмина, кои се осомничени дека му помогнале на Марко Миличев да го прегази Лука, освен на возачот и на неговиот кум Братислав, кои му помогнале на убиецот да го сокрие возилото.
Понудените казни за домашен притвор се кратки, пренесуваат српксите медиуми, односно од седум до девен месеци.
Тужителот понудил помали казни од оние кои моажат да им бидат изречени на осомничените во досегашната судска практика. А доколку го прифатат договорот ќе ги добијат нивните признанија со што значајно ќе се забрза постапката за осудување на Марко Миличев за убиство. Дотогаш осомничениот ќе остане во притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа