Славниот глумец се омажи за својот долгогодишен дечко
Глумецот Нил Патрик Харис се омажи за својот долгогодишен дечко Давид Буртка овој викенд во Италија. Харис среќната вест ја објави на Твитер.
Како што наведуваат странските медиуми, парот го венчала режисерката Пам Фрајман, која им е долгогодишен пријател. Наводно на нивната венчавка настапувал и нивниот добар пријател Елтон Џон.
Харис и Буртка се заедно од 2004. година, а ги добија близнаците Гидеон и Харпер со помош на сурогат мајка во 2010.
09.09.2014 - 15:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа