Проруските сепаратисти во Доњецк немаат оружје да срушат патнички авион

 

Проруските сепаратисти соопштија денеска дека немаат воени средства со кои би можеле да соборат патнички авион.

- Можам да кажам само едно нешто: ние не располагаме со оружје кое може да собори патнички Боинг, вклучувајќи го и малезискиот авион, изјави Александер Захарченко, премиер на самопрогласената „Доњецка Народна Република“.

Претходно денеска холандските истражни власти соопштија дека авионот од летот „МХ17 на „Малзијан Ерлајнс“ бил соборен на 17 јули над Источна Украина од мноштво објекти кои летале со голема брзина и се распаднал на делови уште во воздухот.

09.09.2014 - 15:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега