Казахстан очекува спорот за нуклеарната програма на Техеран да се реши

 

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев на иранскиот претседател Хасан Рохани му порача дека очекува спорот за нуклеарната програма на Техеран да се реши.

На средбата со Рохани во Астана, Назарбаев истакна дека решавањето на спорот ќе има позитивен ефект врз економијата на Иран и на билатералните односи со Казахстан, пренесува Радио Слободна Европа.

Крајниот рок за постигнување договор на Иран и шесте светски сили е 20 ноември. Следната рунда разговори започнува во Њујорк на 18 септември.

09.09.2014 - 15:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега