Како се регрутираат џихадистите од поранешна Југославија

 

Поранешна Југославија испраќаше илјадници наставници, доктори, инженери на Блискиот Исток, но и денес некои земји од поранешна Југославија станаа познати по извоз на поинаков кадар - џихадисти и платеници.   ацијата ICSR, Меѓународниот центар за следење на радикализмот со центар во Лондон, проценува дека околу 6 отсто од странските екстремисти во Сирија и Ирак се од Балканот.  Вахабизмот со сигурност се шири во регионот, но и во Европа. Инспирани од него и салафизмот, младите екстремисти ја најавија новата генерација на домашни џихадисти.  Незабележителни и отстапувајќи од генералниот изглед на вахабистите, со брада и кратки шорцеви, балканските џихадисти се сериозна закана за светот. Во студијата на ЕУ именувана "Салафизам-вахабизам" експертите истакнуваат дека токму Босна и Херцеговина ги предводи џихадистите од регионот кои не бираат бојно поле. "Белите ѓаволи" (младите екстремисти од БиХ) војуваат ширум светот, од Авганистан преку Чеченија и Турција па се до Сирија.  Се започна пред дваесет години, додека во овој регион беснееле војни односно кога во БиХ пристигнаа доброволно околу 3000 странски исламски борци со големо количество на оружје и пари. На тој начин е увезен салафизмот кои денес е проширен низ целиот регион. Вахабистичките движења собраа околу 5000 од вкупно 1.4 милиони муслимани во БиХ, и тоа пред се од Сараево.

Според проценките во цела Србија има околу 1000 следбеници на вахабизмот, додека пак бројката се дуплира на територија на Косово. Во Црна Гора е релативно мала, но сосем доволна за да предизвика сериозни проблеми. Токму поради тоа Црна Гора е упорна за влез во НАТО. Проценките говорат дека од подрачјето на поранешна Југославија заминале околу 1200 вахабисти за да се борат во Сирија и Ирак, а истите си формирале и своја бригада. Џихадистите од Балканот го освојуваат сириското место Азаз, кое е на пет километри оддалеченост од границата со Турција.  Токму во Азаз пристигнуваат нови регрути од Србија, БиХ, Косово, Македонија и Црна Гора чиј трансфер се договара преку социјалните мрежи или во живо. Голем број од џихадистите немаат никакво боречко искуство и тоа поради фактот дека огромен процент од нив не ни биле родени во времето кога се војувало на овој регион.  Всушност, идните џихадисти од државите од поранешна Југославија се собираат и регрутираат преку неколку исламски портали како што се Патот на верниците и Умет. Принципот на регрутирање на ваквите портали е многу добро развиен и секогаш е ист. Најчесто се започнува со приказната за Исламот, како и тоа дека тој е загрозен и како треба да се брани.

 

Кога некој ќе ја загризе јадицата и го потврди ваквиот став на интернет, тогаш почнува перењето мозок. Исламистите навлегуваат подлабоко во приказната за Исламот и се подготвени се да направат за да го придобијат идниот џихадиста.  Проценките говорат дека 70 отсто од џихадистите во Сирија заминале преку Хрватска. 

09.09.2014 - 14:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега