Владејачката турска партија побара воведување на построга контрола на интернетот
Владејачката турска Партија на правдата и развојот предложи да биде воведена построга контрола на интернетот, јавија турските медиуми.
Предложените измени во веќе постоечкиот Закон за интернет ќе ги зголемат надлежностите на властите да го блокираат пристапот до сајтови без судска наредба, пишува весникот „Милиет“.
Со предложените измени државниот орган за регулирање на телекомуникациите ќе може да собира податоци за корисниците и ќе може онлајн да ги следи нивните активности, додава весникот „Хуриет“.
Турскиот Парламент го усвои во февруари спорниот зкаон, со кој се зајакнува контролата врз интернетот. Законот беше критикуван од турската опозиција и од Европската унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа