648 украински затвореници ослободени од проруските сепаратисти

 

Проруски активисти досега ослободиле 648 затвореници во рамки на договорот за прекин на огнот склучен меѓу украинските безбедносни сили и проруските борци во источниот дел на Украина, изјави портпаролот на украинската армија, Андриј Лисенко. 

Тој истакна дека украинската страна работи на гарантирање на ослободувањето на уште околу 500 затвореници, не прецизирајќи колку затвореници ќе ослободи украинската Влада.

Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера изјави дека проруските сили заробиле речиси 1.200 луѓе за време на конфликтот.

Лисенко нагласи дека од почетокот на примирјето во петокот, загинале петмина припадници на украинските сили, а 30 се повредени.

09.09.2014 - 14:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега