Ако се возите без билет во автобусите на ЈСП ќе си платите казна од 75 евра

 

Ј

СП ги засилува мерките за патниците кои се возат без билети. Патникот кој ќе се реши да се вози во автобусите на ЈСП без да плати карта ќе си плати казна од 75 евра.

Пред да се изрече казнената мерка, на патникот му се дозволи да плати казна од 300 денари на самото место или во рок од осум дена кога го направил прекршокот, вели директорот на ЈСП Мишо Николов за „Вест“.

- Доколку патникот не го плати бараниот износ и во дополнителниот рок од осум дена, поднесуваме предлог за поведување прекршочна постапка до МВР, по што прекршочната комисија задолжително изрекува глоба од 50 евра, плус 25 евра за трошоците за прекршочна постапка, на товар на патникот, вели Николов за Вест.

ФОТО: Хитпортал 

најчитано сега