Да те закопаме во Белград или Крагуевац?- професорка постојано добивала морбидни пораки
Професорка од Правниот факултет во Крагуевац, два дена пред да почине добила СМС порака во која се наведува дека починала. И на други професори и асистенти од овој факултет 2 години по ред, им стигале пораки чија тема била смрт или нивно страдање.
Правниот Факултет во Крагуевац јавно побара од Републичкиот јавен обвинител, полицијата и надлежните конечно да го расветлат овој случај и да откријат кој стои зад анонимните пораки со одвратна содржина, кои во текот на 2011-та и 2012-та година се испраќани на адресите на голем број професори и асистенти.
Два дена пред да почине, на професорката и на нејзините колеги им стигнала порака дека таа починала.
На факултетот даваат објаснување дека околу 20 професори две години добивле пораки: "Кога ќе умреш, сакаш да те закопаме во Белград или Крагуевац?".
Професорот Д-р Ненад Ѓурѓевиќ, ВД декан на Правниот факултет објаснува дека летото 2012-та година една од професорките добила најава дека ќе умре, а нејзините колеги со СМС порака биле известени за нејзината наводна смрт.
- Професорката утредента ја извести полицијата за пораката и поднесе кривична пријава. Навистина почина 2 дена подоцна. Тоа не е единствен пример. Колегите многу пати досега добивале пораки дека починал некој од факултетот. Потоа оние кои добиле таква порака им ѕвонеле на телефон на семејствата на наводно починатите и им изразувале сочувсто, притоа вознемирувајќи ги. Се случуваше група колеги да добијат порака: "Во болница сум имав инфаркт", наводно од нашиот заеднички колега кој е жив и здрав. На некои од колегите им ѕвонеле доцна навечер и на малолетните деца на некои од професорите им зборувале одвратни работи преку телефон. Еден професор за тие 2 години доби околу 350 заканувачки e-mail пораки, објаснува проф. Д-р Ѓурѓевиќ.
Тој вели дека на почетокот на годината, професорите барале факултетот како институција, јавно да им се обрати на надлежните бидејќи во прашање се закани упатени на поголем дел од колективот.
Професорот од правниот факултет во Крагуевац, кој сакаше да остане анонимен, тогаш изјавил дека примал пораки во кои го нарекуваат "лудак" и "болен случај", а за неговата наводна смрт ги известувале колегите со спомнување на телефон на студентите кои за време на погребот ќе даваат информации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа