ИСИС ги надмина границите: Oбезглавeни пет жени- главите ги фрлиле во ѓубре

 

Терористичката организација ИСИС ги надмина границите во Мосул. Во северен Ирак заробиле пет жени, ги обвиниле дека се гатачки и по кратка постапка им ги отсекле главите, соопшти портпаролот на Курдската демократска партија (КДП), Саид Мамузини.

После масакрот, телата на убиените жени биле фрлени во ѓубре. Тие биле Арапки и беа заробени пред неколку месеци и обвинети дека работат против исламот.

-Ова не е прв пат ИСИС да направи такво нешто, има многу вакви случаеви во Мосул и околината, вели Мамузини.

09.09.2014 - 12:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега