ВИДЕО: Голема бела ајкула усмрти пливач во Австралија

 

Австралиски пливач умре по нападот на ајкула во источна Австралија, пренесува Сиднеј Морнинг Хералд.

Средовечниот маж бил извлечен на плажа во местото Бајрон Беј со голема рана на десната нога, изјави портпаролката на итната служба на државата Нов Јужен Велс.

Обидите за реанимација не успеале и прогласен е за мртов на плажата.

Несреќниот човек пливал на само 20 метри од брегот. Во близината е забележана ајкула долга два метри. Се верува дека се работи за голема бела ајкула.

 

09.09.2014 - 12:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега