Курдски бунтовници киднапирале 10 деца во Турција
Бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) киднапирале 10 деца во округот Муш, во источниот дел на Турција.
Триесетмина вооружени борци на ПКК ноќта во неделата влегле во селото Чатекле и им наредиле на жителите да се соберат пред селската џамија. Тие соопштиле дека ќе земат со себе 10 деца на возраст меѓу 12 и 15 година, меѓу кои и едно девојче. Бунтовниците изјавиле дека децата ќе бидат обучувани за борци на ПКК.
Гувернерот на округот, Ведат Бјукерсој истакна дека за случајот е започната истрага.
09.09.2014 - 12:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа