Четворица украински војници убиени од почетокот на примирјето во Украина
Аеродромот во Доњецк беше вчера цел на напади, се наведува во соопштението на командата на специјалната операција, која Киев ја спроведува во источна Украина против проруските сепаратисти.
Аеродромот во Доњецк е под контрола на украинските сили. Синоќа четири пати бил цел на минофрлачки напад и на напад со системите Град. Во нападот нема жртви и ранети.
Истовремено претставникот на украинското Министерство за одбрана, Виталиј Андронати изјави дека четворица украински војници се убиени од почетокот на прогласувањето на примирјето во источна Украина.
Тој додаде дека се ранети 29 украински војници од почетокот на примирјето, кое стапи во сила во петокот и во голема мера се почитува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа