Вистинската љубов победува: 90-годишни лезбејки се венчале по цели 70 години
90- годишните дами, Вивиен Бојек и Алис Дјубс, конечно го изговорија судбоносното „да“ во месната црква окружени со членовите од семејството и блиските пријатели. На прашањето која е тајната на нивната долга врска, Бојек кажала дека е потребно многу љубов и труд за една заедница од двајца луѓе да трае седум децении.
Вивиен Бојек и Алис Дјубс се венчаа во саботата во Давенпорт, во американската држава Ајова, после повеќе од 70 години заеднички живот.
„Ова е прослава за нешто што требаше да се случи одамна“, рекла свештеничката Линда Хансакер, која ја извршила церемонијата.
09.09.2014 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа