Претседателот на Иран се надева дека новата Влада на Ирак повторно ќе донесе мир
Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска го поздрави формирањето на новата Влада на Ирак, изразувајќи надеж дека тоа ќе донесе пресврт во случувањата во борбата против исламистичките екстремисти.
- Се надевам дека во текот на Вашиот мандат во Вашата земја ќе се воспостави целосен мир, наведе Рохани во соопштението, објавено на веб сајтот на иранската Влада.
Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан ја поддржа новата ирачка Влада.
- Дојде момент земјите во регионот да и помогнат на ирачката Влада во борбата против терористите, рече Абдолахиан.
Ирачкиот Парламент го избра вчера Хајдер ал-Абади за нов премиер и го одобри поголемиот дел од неговите кандидати во составот на новиот кабинет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа