Отишла на море - завршила како проститука

Отидов на море да работам како танчерка во познат клуб на црногорското приморје. Не помина ни месец дена кога шефот ми понуди да играм на туристички брод кој плови навечер.

Се согласив и оттогаш почна пеколот во мојот живот, раскажува М.Б од Нови Сад која наместо да летува работејќи сезонска работа завршила во ланецот на проституција.   Сезонските летни работи кои им се нудат на девојките на прв поглед не изгледаат сомнителни, но подоцна стигнуваат непристојните понуди.

Според М. Б, најчесто се согласуваат на вакви работи бидејќи немаат друг избор. 

-Освен јас, на бродот имаше уште пет девојки. Единственото нешто кое можев да го направам е да скокнам од бродот и да пливам до копно, кое ретко го гледавме. После првата вечер, шефот почна да ми купува гардероба, шминка и ме префрли во полуксузно сместување. Никогаш не без сама. Секогаш бев со некој кој го следи секој мој чекор. По 20 дена агонија успеав да повикам пријател и да го замолам за помош. Се извлеков само бидејќи им се закани дека ќе објави во медиумите. Така се вратив во Србија, но стравот не ми исчезна, раскажала М. Б за Блиц.рс.

 

 Голем број од девојките кои одат да работат во Црна Гора најчесто завршуваат во ланецот на проституција. Полицијата мака мачи да им влезе во траг бидејќи тие почнуваат како келнерки, танчерки или хостеси.

09.09.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега