Мерлин Монро не сакала секс и била во врска со жена?

Од досега невидени документи светските медиуми дознаваат дека познатата Мерилин Монро била во врска со нејзината учителка по глума и наводно не сакала мажи, иако три пати стапувала во брак.

Мерилин со Наташа Литес соработувала седум години, од 1948 година до 1955 година, а две години живееле заедно, пишува авторката на книгата за холивудската актерка, Лоис Банер.

- Мерилин само сакаше некого да прегрнува, напиша таа, додавајќи дека на нејзините најблиски им ги признала аферите со Џоан Крафорд, Марлен Дитрих и Барбара Стенвик, како и со Марлон Брандон, Френк Синатра и Џон и Боб Кенеди.

Монро наводно  на актерот Тед Џордан  му признала дека спие со нејзината учителка по глума, Наташа Литес и наводно тогаш рекла: „Зошто да не? Сексот е нешто што го правиш со луѓето кои ти се допаѓаат. Што може да биде лошо во тој чин?“

Уште во 1962 година и самата Наташа во интервју зборувала за заедничкиот живот со холивудската легенда.

- Мерилин по цел ден шета гола по куќата. Буквално секогаш е гола, рече тогаш.

Таа тогаш откри дека Мерилин тешко се откажувала од се што ја правело секс симбол, од фустаните, шминката и филмовите. - Сепак не сакаше да ја нарекуваат секс симбол, рече Наташа.

- Мерилин всушност не го сакаше сексот, се плашеше од него, изјавила Наташа која почина од рак само две години по интервјуто.

Таа раскажа дека Мерилин често барала од неа да ја држи за рака, па и дури и за време на снимањето филмови што било возможно само кога ја снимале во крупен кадар.

Починатата учителка по глума исто така раскажа дека еднаш и го спасила животот на славната актерка, кога ја пронашла бледа и речиси без свест во кревет, откако испила 16 апчиња за спиење.

Мерилин исто така ја фалела својата учителка по глума, велејќи дека таа ја направила да биде слободна.

- Ми даде рамнотежа и ми помогна да го разберам животот. Неа и должам се, рече своевремено Мерилин.

09.09.2014 - 10:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега