Ирак го избра новиот премиер
Ирачкиот Парламент вчера го избра Хајдер ал Абади за нов премиер и одобри поголем дел од неговите кандидати во составот на новата ирачка Влада.
Пратениците ги одобрија сите предложени кандидати за состав на новата влада, со исклучок на министрите за одбрана и за внатрешни работи, за чие именување Абади побара повеќе време.
Поранешниот премиер Нури ал Малики е избран за вицепремиер.
Абади, кој доаѓа од шиитската Дава партија, се заложи дека ќе ги подобри односите на Багдад со ирачки Курдистан, дека ќе продолжи со програмата за децентрализација, како и дека ќе ја зајакне ирачката армија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа