Зоне Замфирова: Улогите не ги добивав во кревет!

Српската  актерка Катарина Радивојевиќ, позната по улогата во филмот „Зона Замфирова“, која неодамна се врати од САД, проговори за тоа како се снашла таму. Одговории на бројните коментари и шпекулации дека своите улоги ги добивала поради својата убавина.

Таа  вели дека улогите ги добивала поради тоа што вложувала труд, а не ги добивала преку „кревет“.

-По се што искусив среќна сум што сум актерка, а не само некој кој се занимава со оваа работа туку така. Не сум добивала неморални понуди ниту во САД ниту во Србија и мирно спијам дека се што сум постигнала е благодарение на мојата работа и залагање, а не со користење на женските атрибути, изјавила Радивојевиќ.

Катарина наскоро ќе се појави во серијата „Итна помош“, а во моментов преговара и за продолжението на серијата „Викторија“ во Русија.

08.09.2014 - 15:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега