ФОТО: И во Велес одблежан Денот на независноста

Во рамките на одбележувањата на 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија, денес делегации на општина Велес, АРМ, Сојузот на борци на НОАВМ Велес, институции, политички партии и граѓани од Велес, со положување на свежо цвеќе на Спомен-костурницата, почит им оддадоа на сите паднати борци за Македонија кои го остварија стремежот за слободна држава.

На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство, 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот, Македонија се изјасни за самостојност и независност.

8-ми Септември ги обединува во себе сите борби на граѓаните на Република Македонија за самобитност, државност и независност.

Во него се вткаени Карпошовото и Кресненското востание, борбите на Ножот, Солунските атентати, двата Илиндена. 23 години независна Македонија е патот на оваа генерација граѓани кои имаат завет да ја чуваат независноста, слободата и суверенитетот на Република Македонија.

08.09.2014 - 13:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега