ВНИМАВАЈТЕ: Вака Facebook може да ви ја напумпа сметката за телефон

Социјалната мрежа Фејсбук неодамна во своите мобилни апликации овозможи автоматско пуштање на видео клипови во „news feed“.

Иако оваа функција на некои корисници добро ќе им дојде, повеќето сепак ќе направат големи сметки за телефон, затоа што е потврдено дека троши голема количина на податоци за пренос.

Портпаролот на компанијата „Facebook“ изјави дека се обиделе видео снимките да трошат што е можно помалку податоци за пренос, што сепак и не е случај, но за среќа оваа опција може да се исклучи во само неколку чекори.

Доколку користите „iPhone“ се што треба да сторите е да одите во „Settings“, да го пронајдете „Facebook“ и да ја отворите таа опција. Потоа одете во „Settings“, па „Auto-play“ и одберете ја опцијата „Off“ или „Wi-Fi only“.

На „Android“ уредите отворете ја апликацијата „Facebook“, одете на подесувања, кликнете „App Settings“, а потоа одберете ја опцијата „Wi-Fi only“ или „Off“.

На овој начин ќе бидете сигурни дека на крајот на месецот нема да добиете „изненадување“ во вид на преголема сметка за вашиот мобилен телефон.

 

 

07.09.2014 - 14:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега