Динарот во Србија на најниско ниво во 2013 година

За 0,5% ослабе српската национална валута, поточна сега за 113,0848 динари може да набавите едно евра. Ова само ја отсликува најниското можно ниво на динарот од почетокот на оваа година. Падот не успеа да го спречи Народната банка на Србија, а интервенираше и меѓубанкарскиот девизен пазар со 30 милиони евра, со цел да ја ублажи прекумерната осцилација на курсот на српската валута.  

Во 2013 година српскиот динар вредеше најмногу на 30 април, кога за едно евро се добиваа 110,5426 динари.

Во обид да го ублажи колебањето на курсот на динарот, од почетокот на годинава НБС на меѓубанкарскиот девизен пазар купи вкупно 90 милиони евра, а продаде 65 милиони. 

најчитано сега