Градот Скопје доби сертификат ИСО 9001:2008
Градот Скопје го доби Сертификатот за системот за управување со квалитет во согласност со стандардот ИСО 9001:2008, од меѓународната сертификациска куќа „Биро Веритас“ од Париз, подружница Љубљана.
Опсегот на сертификација на Системот за управување со квалитет е Развој и давање услуги во надлежност на локалната самоуправа и Град Скопје како посебна единица на локалната самоуправа.
Системот за управување со квалитет ќе придонесе за подигнување на квалитетот на услугите спрема граѓаните и бизнис-заедницата од администрацијата на Град Скопје, според однапред дефинирани и стандардизирани процедури.
Подготовката за воведување на Системот за управување со квалитет траеше 6 месеци и со целосна посветеност на вработените во Градот Скопје беа изработени процедурите и работните процеси на Системот.
Проверката на стандардизираните процеси беше извршена во периодот од 25 до 27 февруари 2013 година од регионалната подружница на „Биро Веритас“ од Љубљана, што резултираше со издавање на сертификатот ИСО 9001:2008 на Град